Неспособната власт повторно ја гледаме на дело. Нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари е нешто над 1%. Од годишно планираните 420 милиони евра, власта вложила само 4.5 милиони евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Бројките сигнализираат дека власта и оваа како и претходната година нема да успее да ги реализира планираните капитални инвестиции.
Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции, значи помалку инфраструктурни проекти, помалку автопати, патишта, водоводни и канализациони мрежи. Помалку капитални инвестиции значи помал развој на економијата.
Две години откако СДСМ е на власт, а ниту еден капитален проект не е реализиран. Ништо 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта. СДСМ потфрли на инфраструктурен план. СДСМ не направи ништо за развој на државата. Две години само тонеме како држава.
Власта само расипнички се задолжува, а ништо од тоа не оди кај граѓаните. СДСМ го зголеми јавниот долг над 5 милијарди евра, со што за првпат е надмината границата од 50%.
СДСМ сериозно ја загрозува солвентноста на државата на среден рок, многу задолжување, а ниту еден проект.
Деспотот Заев наместо на развој на државата работи за теснопартиските интереси на врхушката на власта.
Деспотот Заев ја тоне Република Македонија. Деспотот Заев и СДСМ мора да бидат поразени, за државата да тргене напред
Comments are closed for this post.