Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави голем протест в среда во 18 часот кој ќе започне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулатрната комисија за енергетика.
Тој предупреди дека државата влегува во должничко сценарио предизвикано од економското цунами кое го урива животниот стандард на граѓаните. Имаме богата ввлада, ама сиромашен народ. Тоа е поради власта која направи пакт со криминалот кој се нарекува мафија, едно здружување на луѓе од различни политички партии но со една цел, личен интерес и богатење на грбот на народот.
Се за што предупредував во економијата се оствари. Потрошија една милијарда евра, а притоа резултатите се негативни, невработеноста се зголемува, бизниси капитулираат, извозот е во минус, а денес имаме историски најлош пад на Бруто домашниот производ. Ќе повторам историски најлош пад на бруто домашниот производ.
Таа милијарда пред изборите се стави во џеб и не се искористи паметно, туку за поткуп. Мафијата купуваше гласови, наместо да го помага бизнисот, мафијата со овие пари се богатеше, додека народот осиромашуваше. Едната милијарда евра е потрошена а резултати нема. И првиот ден од старата влада со нов мандат, Заев и ДУИ не го искористија да помогнат на народот туку да го сменат дупот за да може на земјиштето на контраверзниот бизнисмен Дака да градат станови, бизнис вреден 200 милиони евра. И притоа видете каков е само тој молк од власта. Ќутат и молат бога да се прескокне темата затоа што апла се фатени во криминал.Ете толку ги бива за народот, единствено се добри за нивниот џеб.
Тој вели дека не чекаат уште потешки времиња во економијата, должнико сценарио и раст на сиромшатијата. Десетици илјади наши сограѓани кои ќе останат без работа.
Финалниот удар врз џебот на народот, според Мицкоски беше кога скришум, на шверцерски начин во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата. И тоа ја качија цената на струјата создавајќи екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија. Но бонбона бизнис. Сметките со поскапа струја не оштетуваат сите. Македонци, албанци, турци, роми, срби власи, бошцаци и роми, и сите станати сме под една иста закана за сиромаштија затоа што во исто време владата си ги полни џебовите додека ги празни тие на народот. Отпорот станува наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на граѓански протест во среда на 9 септември со почеток во 18 часот, а појдовната точка ќе биде министрството за правда, за да заврши до пред регулаторната комисија која е маша на владата и која ќе ја повикаме да ја врати цената на струјата по старо. Имаме СКАПА СТРУЈА А СИРОМАШЕН НАРОД. И токму поради тоа ќе протестираме. Тоа е причината поради која ќе излеземе со свои барања-најви Мицкоски.
Comments are closed for this post.