Криминалниот картел на СДСМ ја зароби Република Македонија и ги узурпира правдата и институциите. Владеењето на СДСМ со државата во овие две години го одбележаа неуспеси, политички прогони, сиромаштија и неправди, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Власта се стави во коалиција со криминалот и за да ги покрие своите матни зделки и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните почна да создава поделби и да ги гони неистомислениците. Правдата која ја ветуваа стана секојдневна неправда. Десетици патриоти и припадници на безбедносните сили се осудени без докази на 211 години од единствена причина што не мислат како Зоран Заев и беа првите кои го кренаа својот глас против заевизмот, додека пак борци на ИСИС кои убивале луѓе и претставуваат опасност за секој еден граѓанин добија минимални казни затвор. Патриотите завршуваат во затвор, а криминалците слободно дивеат по улиците. Откако е СДСМ на власт државата е претворена во крвава арена. Сведоци сме на секојдневни престрелки и убиства по улиците и никој ништо не превзема . Виновниците и убијците шетаат на слобода, а граѓаните живеат во страв и паника грижејќи се за животите на сопствените деца, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека додека власта си го брани криминалот со прогон на политичките неистомисленици, граѓаните живеат се посиромашно. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, економијата ни е најниска во Европа, младите забрзано се иселуваат, а власта се богати со криминални тендери во 4 очи и си ги згрижува најблиските во државните институции.
Земјоделието ни е клекнато на колена, пензионерите измамени, образованието тоне, а здравството наместо да го подобрат го упропастија и го направија здравство во кое се шират епидемии и умираат луѓе. Се што видоа граѓаните од СДСМ се криминали, неправди, беда и неспособност. Граѓаните повеќе не смеат да бидат жртви на погрешните и погубни политики на СДСМ. СДСМ мора да си замине за да може Македонија да оди напред. Победата над СДСМ на претседателските избори ќе донесе предвремени парламентарни избори и тогаш граѓаните ќе го казнат заевизмот и ќе се изборат за подобра иднина за Република Македонија, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.