опозицијата за апсењата

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се плаши од народот и по секоја цена сакa да го заплаши

21.02.2019 / 9:49


СДСМ ја погази правната држава во Република Македонија. Вчерашните апсења, не се производ на правото, туку на деспотизмот на Заев и картелот околу него, ова денеска преку соопштение го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта се плаши од народот и по секоја цена сакa да го заплаши. Апсењата, се последен обид на исплашената власт да ги спречи промените. Залудни се сите местенки. СДСМ паѓа. Граѓаните повеќе нема да прават компромиси кога се работи за владеењето на правото. Кацарска судството и Русковска обвинителството кои служат како алатка за прогон на неистомислениците на власта наскоро ќе треба да одговараат за сите недоследности и законски прекршувања, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото МИА

Од партијата велат дека секој еден кој ја злоупотребил својата позиција и спроведувал политички прогон ќе мора да се соочи со лицето на правдата.

Целата лакрдија која што ја приредува власта ќе има своја правна завршница. Обидот преку уништување на човечки судбини да се дефокусира јавноста од штетните политики, сомнителните тендери во здравството, хаосот во земјоделието, дезавуираното образование, нарушената безбедност и непотизмот кој проникна во секоја пора на  општеството ќе биде поразен од граѓаните. Деспотот Заев ќе добие жесток пораз од граѓаните најпрвин на претседателските избори во април, а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Ахмети пиша писмо: Албанскиот јазик бил темелот на државата

пред 13 часа
Македонија

Стефановски: САД нема да излезат од НАТО, но очекувам да замрзнат дел од финансиите

пред 15 часа
Македонија

Си поднесе оставка: Ленче Ристовска веќе не е обвинител

пред 16 часа
Македонија

Дали Дака му дал 300.000 евра на Заев а тој ги искористил за промоција на референдумот за името?

пред 17 часа
Македонија

Мицкоски: Само дома си е дома

пред 19 часа
Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Ни бившиот на Драгана Мирковиќ не му го крена рејтингот на Филипче

пред 2 дена
Македонија

Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

пред 2 дена
Македонија

Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен

пред 2 дена
Македонија

Во СДСМ страдале од преработеност од седење по кафани на „Боемска“ (ВИДЕО)

пред 2 дена
gamdomCasibomJojobet Girişmarsbahis girişJojobet GirişJojobet Güncel GirişMarsbahisJojobetHoliganbet