Власта не сака пратенички прашања зошто се плаши од одговори за скандали и афери. Заев бега од соочување со пратениците и народот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска Заев требаше да одговори и да каже каде завршиле парите од торбата Луј Витон? И чии беа парите кои Ден Дончев ги става во торба? Филипче требаше да каже зошто провизиите се поважни од вакцините и зошто цел народ е заложник на желбата на власта за пари? Љупчо Николовски Путерот требаше да даде отчет како во сред пандемија, кога лекарите не смеат да земат ден слободно и кога 55.000 работници завршија на улица тој оди на одмор во Дубаи? Каде одморот чини неколку илјади евра?! Заев бега и затоа што треба да одговори како Рашковски со државни пари си го купува ј плаќа сопствениот патент?! И наместо да одговори пред јавноста и ЈО отиде половина месец на одмор во Мексико?! Заев, Филипче и Николовски немаат одговори за криминалите и скандалите. Тие се свесни за се. И затоа бегаат, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.