Зоран Заев и СДСМ четири години ја трујат Македонија и под нивна капа се загадува воздухот, страдаат сите граѓани. Внесувањето на отпаден мазут, и неговото регистрирање при царинење во земјата како мазут за употреба во индустријата и домаќинствата е организиран криминал од најголеми размери, кој не е возможен без знаење на врвот на власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Вмешани се Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Министерството и инспекторатот за животна средина, и Министерството за економија. Цела плејада на државни институции се исповрзани и вградени во мрежата со која се дозволува увоз на штетен, отровен мазут и негово согорување во печките на фабриките и институциите во Македонија, пред се одредени клиники кои се под Филипче како министер за здравство. Систематски е труена нацијата. Во истовреме Југохром кој не користеше мазут е затворен, само заради политичка одмазда. И неколку години по затворањето на Југохром Тетово и Скопје се повторни загадени. Се гледа дека Југохром не бил проблемот, а сега гледаме и што точно бил проблемот односно загадувачот. Загадувачот е отровниот мазут кој согорува во македонските институции и индустриски капацитет со амин на власта, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат:
„Во Југохром немаше мазут. Дали тоа беше проблемот? Дали токму овие бизнис интереси го затворија Југохром? За да гледаме сега како Филипче и луѓе од власта загадуваат и заработуваат на здравјето на граѓаните?
Заев да излезе и да каже зошто е дозволено четири години да се согорува отровен мазут и да се труе цела држава? Зошто се молчи од страна на институциите четири години? Кој наредил редица институции да постапуваат во иста незаконска линија и да го овозможуваат труењето?“.
Comments are closed for this post.