СДСМ не запира со криминалите. Тендерите помеѓу ќерка и татко, сега се прошируваат и со тендер шеми син и мајка. Претседателот на Совет на општина Неготино, Диме Витанов, кој истовремено е вработен во ТЕЦ Неготино, преку истата доделува 3 тендери во висина од половина милион денари на неговата мајка, Сијка Витанова, за набавка на кафе и чај. Бизнис шемите на Заев се селат на локално ниво, стои во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал. 35 милионски тендер во здравство, 10 милиони од Фондот за иновации, 200 илјади од ЈСП, и многу други завршија кај ново формирани фирми, без никакво искуство во областа во која се формирани.Криминалната логика на СДСМ се одрази и на доделувањето на лиценци за испитни центри за спроведување на возачки испити, кои ги добија фирми формирани неколку дена пред да бидат распишани огласите.“

Реалниот бизнис тоне. Бизнисмените не знаат како крај со крај да врзат, тие се потиснати од власта и нивите локални моќници, додека луѓе блиски до власта нижат милионски тендери. Сликата за економијата не е воопшто розова. СДСМ  е вистинса катастрофа за економијата во целост, а тоа се гледа и по задолжувањата кои секојдневно ги прави, слабата реализација на капитални инвестиции и безидејноста со која ја управуваат државата. Токму затоа мора да си заминат. Македонија заслужува подобро, се потенцира во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.