Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас. Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија. Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев беше фатен како бара мито по шемата – евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка.Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема. Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки. Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка. Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери. Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески. Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години. Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи.
Државата е во хаос, а Заев кој е најодговорен за таквата ситуација се крие за да ја доограби државата. Потребни се оставки и тоа веднаш. СДСМ треба да си замине, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.