Процесот на ветинг е уште една измама, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Има ли поголема иронија кога вака сериозен процес се најавува на прес конференција со професор чија сопруга е неодамна вработена. Еве за почеток на ветингот Оливер Спасовски нека каже кога, каде и по кои услови е вработена сопругата на Никола Дујовски? Дали е точно дека таа е вработена пред неколку месеци во МВР како што пишуваа медиумите за тоа? Доколку е така, дали реално може да се очекува објективен став и критика за катастрофалното работење на Спасовски?“, прашува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него ветингот има само една цел – пресметка со професионалците и оние кои не се под партиска и политичка контрола на Спасовски.
Ѓорѓиевски упати неколку прашања до министерсот за внатрешни работи.
Прашање број 1. Дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во Октомври 2018 како советник за комуникации во кабинетот на Оливер Спасовски?
Прашање број 2. Дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол?
Прашање број 3. Дали МВР пред еден месец издало одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста?
Прашање број 4. Дали имал влијание и какво влијание имал советникот на Спасовски при носењето на одлуката ?
Прашање број 5. Доколку Спасовски е загрижен за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата да одговори за колку ќе го зголеми семејното богатство неговиот советник откако е вработен во МВР до денес?
Тој ја повика и Антикорупциска да ги разгледа овие случаи.
Comments are closed for this post.