Дваесет и двајца починати и 30 отсто од тестираните позитивни на Ковид, што уште треба да се случи за Филипче да си даде оставка?
Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со последиците од коронавирусот во Македонија.
Дваесет и две лица починати во текот на вчерашниот ден од Ковид, тоа е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче кои преспаа цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран. Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка. Венко Филипче го внесува системот во хаос. Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека не очекува есенски бран. Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип, а со тоа ги остави возрасните ј хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија. Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само допринесува медицинскиот кадар да ја напушта државата. Граѓаните очекуваат сериозен пристап, а не аматеризам. Одговорност веднаш, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.