Пцостите, навредите, некултурата и спуштањето на нивото на политичка комуникација се најдобар доказ дека Зоран Заев го губи тлото под нозете и заминува во опозиција. Очајот и нервозата на Заев веќе не може ни самиот да ги скрие. Тој е свесен за својот пораз на престојните избори. Затоа навредува и уште повеќе лаже. Зоран Заев стана заштитник на криминалот.
Торбата Луј Витон со еден и пол милион евра стана синоним за неговото владеење. Јавноста веќе никој не може да ја убеди дека Боки 13, Катица Јанева и Кичеец сами рекетирале и самите си ги делел милионски суми. Не. Јавноста со право говори дека власта ги делела рекетираните милиони, само останува да видиме кој колку добил, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Од партијата додаваат дека Зоран Заев е главата на криминалниот октопод во Македонија.
„Неговата струмичка верзија Евро за Вицето се надгради и прошири во Торба Луј Витон. Тендерите Доделените јавни набавки на фамилијарни фирми во времето кога беше градоначалник, метастазираа во концесии, тендери, милионски бизниси со марихуана на централно ниво. Криминалот владее со Македонија. Убиствата, грабежите, рекетот и опожарените возила станаа секојдневие. Подземјето ровари, а полиција немо посматра, затоа што криминалците се заштитени од власта. Нема криминалец кој не се сликал со функционерите на СДСМ или лично со Заев. Корупцијата е печатот на владеењето на Заев. Во негово време Македонија падна на сите листи за борба против корупцијата и е на рамниште пониско од афричките земји.“
-Граѓаните гледаат и граѓаните судат. Тие знаат дека оваа власт е криминализирана до срж и корумпирана во генот. Затоа ќе ја казнат на следните избори, а до тогаш Заев може да ги лаже само своите најголеми послушници, кои од ден во ден остануваат се помалку, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.