Најкорумпираната влада во Европа, предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче сакаат да градат клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра. Тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој што се гради во Србија и е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар и чини верувале или не 125 милиони евра.
Тоа е четири пати пониска цена од она што сака најкорумпираната влада во Европа, владата на Заев да го потроши за клинички. Ова што го планираат Заев и Филипче е само пљачка на народот. Ова што го планираат Заев и Филипче е уште еден криминал во низата на Заев и Филипче.
Тие трчајќи по провизии и заборавајќи на граѓаните и нивното здравје го оставија на страна проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички, а ако продолжеа со истиот сега ќе беше готов. Заев и Филипче не прават ништо друго освен што го ставаат на коцка здравјето, но и животот на граѓаните. Четири години украден живот. Доста е“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка на народот!
Comments are closed for this post.