Вечерва со Одлука на Влада Оливер Спасовски е навидум само спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски, да учествуваат во правниот промет, да подигнат или да испратат пари во банка. Десетици илјади граѓани заради Оливер Спасовски беа оставени на маргините на системот, подвлекуваат од партијата.
Comments are closed for this post.