Нова провокација од бугaрскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој денеска во Битола рече дека спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски, затоа што во историјата е јасно напишано, дека Гоце Делчев е Бугарин. Дали спорот ќе се реши зависи исклучиво од политичарите во Скопје, вели Каракачанов.
Историјата е јасна по тој однос, кој чита ќе разбере. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш. Ама да кажеше дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин само затоа што имал бугарски пасош, поголема глупост нема. Во тоа време на никој не му требал пасош на Бугарја за да дојде да учи на училиште или универзитет. Гоце Делчев доаѓа од Кукуш во бугарското воено училиште. Не оди во Атина, Белград или Санктпетербург, оди во Софија. Со тоа напишал што е, нема за што да спориме, вели Каракачанов.
После ваквата изјава на Каракачанов следуваше соопштение со реакција од ВМРО-ДПМЕ во кое се вели дека Гоце Делчев е Македонец кој се борел и живеел за Македонија и тоа не може да биде предмет на компромис. Провокациите како денешната во Битола се последица на политиките на искривената кичма на Зоран Заев и неговото хаотично работење.
Наместо политика на мостови имаме политика на поделби што покажува дека политиките на Заев доживуваат фијаско.
Гледаме дека разликите не се намалуваат туку се продлабочуваат за што виновен е Зоран Заев кој потпиша штетни договори со кои го раскрчми македонскиот идентитет, јазик, историја култура.
Договорите кои Зоран Заев ги потпиша за да си ги спаси сопствените криминали не донесоа подобар живот и иднина за македонските граѓани, туку донесоа нови поголеми проблеми од кои штета трпат граѓаните и Република Македонија.
Неразбирливо и недопусливо е отсуството на реакција на државните институции на честите провокации. Немањето на реакција од страна на институциите само го докажува фактот дека СДСМ свесно се откажа од Гоце Делчев, македонскиот јазик, но и од македонското малцинство во Бугарија.
За македонските граѓани и за ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да биде прифатливо негирање на посебноста на Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик. Исто така никогаш нема да биде прифатливо откажување од ликот и делото на Гоце Делчев кој живеел и се борел со единствена идеја, а тоа е слободна и независна Македонија.
Народот, јазикот и ликот и делото на Гоце Делчев секогаш биле и ќе останат да бидат македонски.
Погубните политики на СДСМ во изминативе три години нанесоа огромна штета врз македонскиот идентитет, култура и историја. Политиките на СДСМ донесоа погазено достоинство, порази и понижувања. После 12 април следува обновата на Македонија и одговорност за сите погубни политики кои СДСМ и Зоран Заев ги нанесоа врз Македонија и македонскиот народ. Зоран Заев никогаш повеќе.“ – стои во соопштението
Comments are closed for this post.