Зоран Заев и СДСМ мора да признаат што се е прифатено од грчките барања за амандмани во Уставот и што е непријатно во заевото „Ол Ин“?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев мора да каже какви ќе бидат измените и што предвидуваат амандманите од Грција за Преамбулата, за членот 3 за членот 49 во Уставот на Република Македонија. Дали Преамбулата на Уставот на Република Македонија ќе биде полна со фалсификувани факти: дека Македонскиот народ и останатите делови од народи се бореле за создавање на Северна Македонија? Дали ќе се бришат одлуките донесени на АСНОМ за создавање на самостојна Македонија? Или ќе пишува дека Референдумот 1991 бил за Северна Македонија, што е фалсификување на историјата?, прашува партискиот портпарол, Наум Стоилковски.
Доколку Заев нема што да крие, истакна Стоилковски, нека излезе на ТВ дуел со Претседателот Христијан Мицкоски и нека ги отвори картите.
Comments are closed for this post.