За тоа колку СДСМ се грижи за земјоделците говори фактот што дозволија да скапуваат 50.000 тони јаболка на земјоделците од Ресен.Оваа година проблем со откупот и пласманот имаа и произведувачите на зелка, грозје, лубеници, слива, ориз, праска. Нема земјоделски производ кој не скапа по нивите заради лажните ветувања на СДСМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев ги лажеше земјоделците дека ќе им обезбеди сигурен пласман, откуп и нови пазари, им ветуваше дека ќе донесе откупувачи од странство, но по две години гледаме дека ништо од тоа не е остварено. Родот на земјоделците наместо на пазарите се најде буниште.
СДСМ наместо живот на земјоделците им донесе беда. Македонските земјоделци едвај преживуваат и не знаат дали ќе имаат средства за да ги обработат своите ниви за новата сезона.
СДСМ повеќе ги интересира како да си ги вработат најблиските, а или да приграбат некој државен тендер. Власта се богати на грбот на земјоделците и граѓаните кои се повеќе осиромашуваат. Токму затоа потребно е СДСМ веднаш да си замине
Comments are closed for this post.