Владата на СДСМ пак излажа. Датум за преговори со ЕУ и оваа година нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ сега и со промена на име на државата нема да почне преговори поради тоа што нема реформи. Заев треба да знае дека во ЕУ не се оди со партизирана администрација и непотизам од енормни размери. Во ЕУ не се оди со руинирано здравство и лошо образование. Во ЕУ не се оди со јавен долг кој за една година порасна за над половина милијарди евра. Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници. Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и ограбување на граѓаните. Се додека Заев е премиер Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, порачуваат од партијата.
Comments are closed for this post.