СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев. Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-На Заев не му е доволно да нарачува обвиненија против неистомисленици па сега се изживува врз нив. Обвинителството и судството работата под диктат на Заев и СДСМ. Тоа најдобро го покажува и последниот случај каде што 8 обвинети во предметот Шпански скали се наоѓаат во притвор во истражниот случај со образложение дека ќе влијаат врз сведоците, а сведоците во досегашната постапка се уште не се изведени иако поминаа повеќе од десет дена. Политичкиот прогон стана секојдневие, стои во партиското соопштение и се додава:
„Повеќе од 10 дена четири жени се наоѓаат во истражниот затвор Шутка осудени на нечовечки и нехуман третман. Тие се жртви на прогонот на Заев, а единствена нивна вина е што ги извршувале своите работни задачи и дале мислење за предмет кој е во нивна надлежност. Димитар Димовски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, се само дел од жртвите на заевизмот само поради тоа што ги обелоденија катастрофалните и криминални политики од страна на власта“.
Според опозицијата, власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободномислечки граѓани.
-Заев и неговиот криминален картел на власт се во паника поради слабиот рејтинг и знаат дека масовно ја губат поддршката од страна на граѓаните и со монтирани случаи ја дефокусираат јавноста. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш преиспитување на одлуките за притвор на сите осомничени лица. Судството и обвинителството мора да се ослободат од спрегите на Заев и СДСМ и да носат одлуки исклучиво врз доказите и фактите, а не според желба на деспотот Заев и неговиот криминален картел, се потенцира и се додава:
„Со СДСМ и Заев на власт Македонија и граѓаните губат. СДСМ и Заев наместо подобра иднина за граѓаните донесе само неправда, криминал и нечесност на секој чекор. Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ и Заев ќе си заминат. На Македонија и се потребни промени“
Comments are closed for this post.