Македонската јавност повторно го гледа Заевизмот на дело. Уште еднаш ја гледаме на дело мантрата на СДСМ, кажувам, заборавам, негирам, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од позиција на опозиција СДСМ, Зоран Заев и сите околу него потенцира колку е обемна и неефикасна македонската јавна администрација, говореа за критериумите на Европската Унија во однос на истата, за сега од позиција на власт буквално да поплукаат на се што кажале. Денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски обелодени информација дека само за една година во период од 2017-та до 2018-та година јавната администрација пораснала за неверојатни 3.300 вработени. Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени, партиски војници, роднини и блиски на функционери на СДСМ и власта. На СДСМ не му беа ниту доволни веќе постоечките работни места па почнаа да измислуваат функции, некакви си заменици директори само за да ги вдомат ,,најзаслужните’’ за воведување на Заевизмот, се наведува во реакцијата на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека токму Манчевски во 2017-та година изјави дека „Во јавната администрација има превработеност’’.
-Што се случува сега во јавната администрација, дали Манчевски заборави што говорел? На ова лудило мора да се стави крај, мора да се стави крај на лагите и манипулациите со македонската јавност, со македонските граѓани. Мора да се стави крај на неправдите и лагите, мора да се стави крај на Заевизмот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.