ВМРО ДПМНЕ поднесе кривични пријави против лицата Талат Џафери, Неџбели Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ.
За ова информираше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Џафери, Ибраими и Костовски, свесно и со целосна умисла извршиле низа кривични дела при што ја злоупотребиле службената положба и овластување и го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на државата. Истите на нечесен и подмолен начин, спротивно на уставот и законите овозможиле објавување на законот за двојазичност без потпис од Претседателот на Републиката, со што се воведува неуставна двојазичност, рече Јанушев.
Според Јанушев Законот за двојазичност во Службен весник пратен само со потпис на Талат Џафери е правен преседан и целосно безаконие.
Џафери не можел и не смеел да го испрати законот за објавување, а Ибраими, во својство на техничка служба немал никакво овластување да потпише. Костовски е одговорен бидејќи не смеел да објави указ за прогласување на закон без потпис на Претседателот, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.