ВМРО-ДПМНЕ денска во Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за повик на поткуп при избори на јавен митинг во Крива Паланка.

Од партијата истакнуваат дека тоа е спротивно на чл. 160 и чл. 162 од Кривичниот законик и информираа  дека во склоп на кривичната пријава доставиле и видео материјал во кој се слуша како Заев јавно повикува на поткуп.