Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доставија предлог до Собранието за формирање на Анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумско изјаснување. 30 пратеници стојат потпишани на документот.
„Покрај периодот на кампањата, анкетната комисија ќе има за задача да ги провери индициите дека на одредени избирачки места има сериозни нерегуларности односно фалсификување на резултатите преку полнење на кутии. Основаните сомнежи за сторен фалсификат на правото на граѓаните за гласање односно негласање мора да се расчистат. Довербата на граѓаните во институциите е сериозно нарушена и некој мора да сноси одговорност“, велат од коалицијата.
Анектната комисија ќе има задача да утврди дали за време на кампањата постоело поткупување на гласачите и правење на притисоци од одредени избрани и именувани јавни функционери, појаснуваат од таму.
Како претставници на граѓаните во Собранието на Република Македонија имаме одговорност и обврска да утврдиме како и за што беа потрошени финансиските средства во кампањата за референдумот, со оглед дека беше финансирана од Буџетот на Република Македонија. Анектната комисија треба да ја разгледа и утврди политичката одговорност за резултатите од референдумот, нарушениот углед на институциите и потрошените средства од Буџетот, наведуваат предлагачите.
Comments are closed for this post.