ВМРО-ДПМНЕ останува против уставните измени и ќе ја следи волјата на граѓаните, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средба со претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна Партија, Дejвид Мекалистер.
Како што соопштија од партијата, тие разговарале и за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија – членството во Европската Унија и НАТО.
Мицкоски објасни дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење, каде што доминираат неправдите и политичкиот прогон. Воедно, посочи дека се случуваат скандали на дневно ниво, каде што до израз доаѓа неподготвеноста на Владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Мицкоски истакна дека таквата непосветеност на власта државата ја турка кон економско и политичко фијаско слабеејќи им го стандардот на граѓаните. Тој на средбата истакна дека врвен интерес за ВМРО-ДПМНЕ е напредокот на европските интеграции, но и дека Владата има недоволен учинок на тој план, што е резултат на нејзината неспособност. Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси што би гарантирале напредок, но пред сè тоа зависи од волјата и способноста на Владата да биде носител на тие процеси“, сстои во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.