Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана. Таа не ги исполнува очекувањата на правото и правдата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од ден во ден Вилма Русковска се повеќе ја развлекува истрагата за милионскиот РЕКЕТ, се со една цел, да се заштитат вистинските нарачатели. Вилма Русковска и обвинителството доцнат повеќе од четири месеци со распитот на сите инволвирани. Цели четири месеци и требаа на Русковска да го повика на распит Кирацовски, иако за инволвираноста на ликот Кики се пишуваше во продолженија. Четири месеци им требаа за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки, како главно оградување од неговото учество во рекетирањето. Кирацовски вчера призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени кои биле предмет на рекетирање. Во целиот случај посредникот помеѓу Боки 13 и оштетениот бизнисмен од излезените снимки веќе е во притвор како второ осомничен, се наведува во сооштението на партијата.
Во ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Зошто сè уште Кирацовски не е во притвор“?
-Очигледни се намерите на СДСМ и Русковска обвинителството да го развлечат и забошотат целиот случај. Правда во Република Македонија мора да има за да одговараат сите инволвирани во овој криминално-мафијашко-рекетарски скандал. Потребни се предвремени парламентарни избори, а веднаш по падот на СДСМ од власт, ќе се случи Обнова на Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.