Ако некој повторно мисли дека ќе се случува 27 април, се лаже. Тоа нема да го дозволиме. ВМРО-ДПМНЕ нема да влегува во стапици како 27 април, време е да се делува мудро, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.
Мицкоски истакна дека ова е она ВМРО-ДПМНЕ кое треба да биде во 21 век, современа конзервативна десна опција, а ако некој мисли дека со методите од 19 век повторно ќе ги навлече во стапицата како на 27 април, тогаш се лаже, тоа нема да се случи, бидејќи денеска гледаме осудени луѓе преку 200 години во затвор од страна на оваа власт.
Тоа сакаат да го направат, и тоа преку радикализирани структури, имаат за цел вечно да го таргетираат ВМРО-ДПМНЕ. Така било во 19 век кога биле кодошени војводи и комити, така ббило во 20 век кога македонската дијаспора буквално била следена и прогонувана од тогашните служби, така беше на почетокот на 21 век кога тие испостави во рамките на десницата имаа за цел да ги кодошат состаноците на десната македонска опција. Не може ова ВМРО-ДПМНЕ да не научи од тие грешки, потенцираше Мицкоски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да носи брзоплети одлуки и тие одлуки кои ќе ги носи ќе бидат современи и на тој начин ќе ја победат оваа примитивна власт.
Comments are closed for this post.