Ако веќе се стремиме кон европските принципи така и треба да се однесуваме, а не само декларативно, треба да го почитуваме Уставот и законите на Република Македонија. Запомнете ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ како и граѓаните недвосмислено се за ЕУ и НАТО, но не и за наметнатото решение, Република Северна Македонија. Барем еднаш почитувајте ја одлуката и волјата на граѓаните, патем сите ние сме избрани од нив, потенцира Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за Уставни прашања.
Мицевски повика да се престане со злоупотребувањето на остварувањето на нашите стратешки цели и определби. Европската Унија и НАТО не смеат да ви бидат алиби за штетни и погубни политики на СДСМ. Иронијата е дека некој денес оди спротивно од нив, некој поради скриени сомнителни интереси се дрзна да оди против волјата на граѓаните. Штом Атина се радува, очигледно амандманите се штетни и погубни за македонскиот народ. А, оние фиктивни јавни дебати деновиве беа само форма и евтин театар во процесот на конечна капитулација на македонската политика под водство на СДСМ И владата.
ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе остане конзистентна во своите ставови. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ секогаш ќе ги застапува интересите на граѓаните со почитување на законите и Уставот на Република Македонија. Затоа ние, во понатамошниот тек од уставните измени, нема да го подржиме нелегитимниот процес на СДСМ, на Зоран Заев и тесниот владин круг и нема да учествуваме во понатамошна постапка на рушењето на македонската држава. Граѓаните на Република Македонија, јасно кажаа НЕ на ваквите ваши, темни, црни и погубни политики, посочи Мицевски.
Comments are closed for this post.