Наместо да зголемува даноци и да воведува нови, Заев да скрати на тендери и вработување на партиски војници во администрацијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Зголемувањето на даноците и удар по џебот на народот не е и не може да биде решение за долговите во кои нé фрли Заев, на што алараме веќе подолг период наназад. А дека Заев ја довел државата во безизлезна ситуација е и ставот на Таки Фити од МАНУ, кој тврди дека треба да има зголемување на даноците. СДСМ повторно со оваа политика прави грешка и ја втурнува Македонија во уште полоша ситуација. Наместо зголемување на даноци, Заев нека ги скрати тендерите кои секојдневно се распишуваат и договорите во четири очи. Набавка треба да има само за неопходни работи. Наместо да зема од народот Заев нека запре со полнењето на јавната администрација со партиски кадри. УЈП на Лукаревска да се позанимава со сивата економија, и наместо толерирање на должниците блиски до Заеви нека почне да го полни буџетот со тие кои не плаќаат даноци и се нелојална конкуренција на сите, истакнуваат од опозицијата.
Народот не смее да биде жртва, додаваат од таму.
Comments are closed for this post.