Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во Координатвното тело за помирување во Собранието на Република Македонија. За нацрт-амандманите за уставните измени, за кои задутре ќе почне комисиската расправа, опозициските пратеници ќе дебатираат за да ги разобличат, а за предлогот за одземање на мандатот на нивниот сопартиец и поранешен лидер Никола Груевски сметаат дека е политички процес и својот став ќе го искажат во Собранието.
Ова се заклучоците од координацијата на пратеничката група на опозициската партија, која се одржа во партиското седиште, а вечерва ги соопшти координаторот Никола Мицевски.
Нема да учествуваме во Коодинативното тело за помирување затоа што сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било, изјави Мицевски по завршувањето на координацијата.
Во однос на нацрт-амнадманите за измените на Уставот, кои се на дневен ред в среда на собраниска Комисија за уставни прашања, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со, како што рече, „жестоко разобличување на сите уставни амнадмани и за сето она што се случува во Македонија, а за кое ние како пратеници и како партија реагиравме во изминатиот период”.
Како пратеници ние во наредниот период ќе дебатираме по однос на амандманите предложени од Владата и сето она што беше кажувано дека ќе биде внесено или нема да биде внесено во амандманите, а сега го гледаме дека е тука или не е тука, додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на предлогот за одземање на мандатот на Груевски, што е на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања закажана исто така за 7 ноември, Мицевски рече дека процесот што се води е политички.
-Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи, додаде Мицевски.
Comments are closed for this post.