Македонија е на колена. Масовно тестирање нема, а вирусот коси без соодветни реакции од страна на надлежните. Бројот на починати и заболени секојдневно се зголемува, а институциите се потешко се справуваат со ситуацијата. Нема соодветен менаџмент, ниту превентивно делување, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Епидемијата зазема огромни размери, а Владата на СДСМ не презема мерки да се сопре здравствената и економска криза. Неспособноста на оваа Влада доведе до тоа да околу 15.000 граѓани од угостителскиот сектор да останат без работа. Последните анкети и статистики велат дека над 160.000 граѓани се отпуштени од работа како резултат на економската криза, а за тоа директно се виновни СДСМ и Владата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат поради тоа ВМРО-ДПМНЕ под итно бара од Владата:
1.Да им се помогне на компаниите од угостителскиот сектор со 50% од бруто платата која ја исплаќаат за секој еден вработен за месеците март, април, мај.
2.Кириите за угостителските објекти се голем дел од трошоците на угостителите. Веднаш Владата да донесе законска одлука каде што угостителите кои имаат објекти под закуп што се под јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор или било која државна институција да бидат ослободени од плаќање на кирија за месеците март, април, мај.
3.Да се најде институционален начин, угостителите кои имаат под закуп објекти кај приватни закуподавачи да плаќаат барем половина од месечната рата односно кирија, односно 50%, за месеците март, април и мај. За оваа мерка ги замолуваме за разбирање и закуподавачите заради сведениот обем на работа на нула.
4.Сите угостителски објекти да бидат целосно ослободени од плаќањето на закупот за летни тераси за целата летна сезона 2020. Ова ќе биде сериозна инјекција за угостителскиот сектор кој користи летни тераси за побрзо да ја надмине оваа криза.
5.Јавните давачки кон државата, тука влегуваат ДДВ, аконтации за ДДВ, данок на добивка и други давачки, да бидат одложени до 10-ти месец 2020 година, односно до октомври месец и потоа да се наплаќаат на рати без затезни камати од страна на државата. Никој нема да биде оштетен ниту фирмите ниту државата, а ќе има сериозна помош за угостителите.
6.Режиските трошоци за угостителските објекти, трошоци за струја, вода и останатите, кои ќе доспеат за месец март, април и мај, да се одложат за плаќање од 10-ти месец 2020, односно да се плаќаат од месец октомври на рати.
7.Да се намалат критериумите за аплицирање на мерки за помош од државата за угостителите, бидејќи вака како што се условите само 10% од угостителските компании можат да ги искористат. Тука вклучително бараме мерките да може да ги користат и оние компании кои користат субвенции од АВРМ.
8.Веднаш треба да се интервенира со одлука за вадење на неопходните документи за аплицирање за мерките, да се вадат во најбрз можен рок електронски, без чекање по шалтери и сето тоа да биде на трошок на државата, односно бесплатно за компаниите од угостителскиот сектор.
Владата на СДСМ треба да ја тргне на страна суетата и да ја прифати подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за да се помогне на граѓаните и на Република Македонија – потенцираат од ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.