Зоран Заев, Оливер Спасовски и криминалниот картел под нивна контрола го штитат убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Цела година по ладнокрвната ликвидација, убиецот се уште шета слободен. Нема пресуда, нема ниту обвинение! Истрагата трае! Да не беше трагично, ќе личеше на шега, изјави денеска Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој обвини дека на убиецот му било помогнато да ја напушти државата.
Невладините организации молчат, а самодекларираните борци за човекови права гледаат да се прескокне 3-ти ноември и да не се бара одговорност од Спасовски. Се надеваат дека ќе се заборави на тагата и на семејството и на пријатели. “Ми отиде детето од неранимајковци…“- со овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил. Тој тогаш ја објави и фотографија од вечниот дом на Мартин, рече Ѓорѓиевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат:
Зошто и кој го покрива убиецот цел година? Дали поради информациите за поврзаност со агенција за обезбедување која беше под директна контрола на криминалниот картел на власт? Зошто молчат невладините кои се креваа на протести и кога убиства се расчистуваа за 48 часа, а во рок од 8 месеци имаше и правосилни пресуди? Дали на нив им се јавил некој од власта да им каже дека животот на Мартин Јанушев е помалку вреден од долгот кои тие го имаат кон убиецот?
Comments are closed for this post.