Република Македонија е претворена во крвава арена, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо СДСМ да праќаат бледи соопштенија во кои ништо не кажуваат, редно е да побараат одговор и одговорност од нивниот министер Оливер Спасовски за криминалците кои дивеат по скопските улици. Уште колку животи треба да згаснат, за Спасовски да сфати дека не е способен да го води Министерството за внатрешни работи. МВР под водство на Спасовски целосно потфрли. Скопје е најнебезбеден град, а Оливер Спасовски е во коалиција со криминалот. Гледаме брутални ликвидации на најфреквентните улици, а убијците се шетаат на слобода и никој не ги гони, се наведува во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека граѓаните се чувствуваат небезбедни и стравуваат за нивните и животите на нивните деца.
Додека Спасовски ја парализира полицијата, мафијата си доби своја држава. Мора да бидат приведени и затворени сите кои се огрешиле пред законот и кои ја нарушиле безбедноста на граѓаните. Доколку тоа не биде направено, најмалку што може да стори неспособниот Министер за внатрешни работи е како чин на морална одговорност да си поднесе оставка од функцијата, велат од партијата.
Comments are closed for this post.