Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека попладнево ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи, откако премиерот во заминување и денеска одбил Koвачки да биде технички министер на полицијата.
Новиот предлог повторно ќе биде вонпартиски и професиналец.
Потребно е одговорно однесување и нема да дозволиме Заев и компанија да избегаат од избори и соочување со народот на 12 април, изјави Мицкоски.
Мицкоски не го објави името на новиот технички министер за внатрешни работи, зашто треба да следуваат последни телефонски консултации со премиерот во заминување Зоран Заев, кој треба секој момент да се врати во земјата, и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Првиот предлог полковникот Драган Ковачки да застане на чело на МВР како технички министер не беше прифаен од СДСМ поради членот 97 од Уставот според кој „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.
Comments are closed for this post.