Власта ја води Република Македонија кон економски колапс. Тевдовски и Заев вчера, на месец и половина пред избори не задолжија за нови 130 милиони евра.Каде ќе завршат овие 130 милиони евра и зошто ова задолжување се врши пред избори? Дали станува збор за изборна корупција?, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ја носи државата кон презадолженост. За само две години колку се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра, со што тој надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП.

Додека долгот рапидно расте, економијата тоне. Според податоците на Државниот завод за статистика извозот во јануари оваа година е за 1.9% помал од извозот во јануари минатата година, додека увозот за истиот период е поголем за 1.4%.

Намалениот извоз е клучен доказ дека економијата стагнира. Падот на извозот на долг рок може да предизвика и пад на девизните резерви, но и пад на општото производство.

Економијата оди кон дното и ова мора да се запре. СДСМ нема капацитет да ја води државата. СДСМ мора да си замине. Победата на претседателските избори е клучна причина за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе значат пад на оваа ненародна и расипничка влада.