Притворена обвинителка за рекет издава наредби, а премиер се слуша со нејзината адвокатка која тврди дека таа не е психофизички здрава. Вака „блеска“ политичката правда на Зоран Заев од која што се срами секој чесен граѓанин.
Законите и овластувањата се злоупотребуваат за изнуда на пари и за вршење политички притисоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пупка обвинителство, пупка судство.Зоран Заев за неполни три години успеа целосно да ја укине правната држава.Членови на опозицијата, граѓани на Република Македонија се жртви на политички прогон како во 47-ма. Македонија е единствена држава во демократска Европа која во своите затвори има политички затвореници.Држави членки на Европската Унија го потврдија прогонот кој го спроведува власта преку своите пулени во правосудството. Единствена грижа на власта е предметот Рекет да остане во рацете на омилената обвинителка на Зоран Заев, Вилма Русковска. Русковска која досега го спроведуваше прогонот врз неистомислениците на власта, сега треба да го амнестира Зоран Заев по четврти пат за сторениот криминал. Криминалниот октопод на рекетарската банда сместена на Илинденска бб ги има пуштено своите пипци буквално во секоја пора на општеството и државата, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека овој криминален октопод го злоупотребува правосудниот систем на штета на граѓаните.
Боки 13 и Катица Јанева се само извршителите во најголемата криминална афера во македонската историја. Пипците Кики, Фрики, Шеки, Боки, Ката и компанија, сите водат до еден човек, Зоки. Главата на октоподот е човекот кој во својата политичка кариера не пропуштил шанса да биде дел од криминална зделка.Главата на октоподот е Зоран Заев. За ова ќе одговараат сите до еден. Ќе одговараат и оние кои го сториле криминалот како и оние кои сега го амнестираат.Ќе одговараат и тие кои како Катица Јанева по нарачка на власта спроведуваа политички прогон. Правда во Македонија мора да има, истакнуваат од партијата.
Comments are closed for this post.