„Кои биле квалификациите според кои фирмата „СВ ИНВЕСТ“ добила тендер, а нема ниту една машина и според кој метод АД ЕЛЕМ одлучил дека баш оваа фирма е најдобра за извршување на дејноста“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако пред неколку дена медиумите пишуваа за компанијата „СВ ИНВЕСТ“ која склучила договор со АД ЕЛЕМ за ангажирање на рударска механизација за потребите на РЕК Битола со договор во четири очи во износ од 22 милиони евра.
Портпаролот на партијата Димче Арсовски, покажувајќи документи, рече дека фирмата нема ниту една единствена машина за вршење на дејноста. Земала телескопски чистач од една, автодигалка од друга компанија, а работници од трета компанија, што знначи не е специфицирана за работа и за задачите кои што ги извршува, вели Арсовски.
Comments are closed for this post.