Зошто Зоран Заев го фаворизира Арачиново, a ги запоставува другите села по општината? Доколку на арачиновци им ветил 300 пилоти, зошто тогаш нема барем по 100 во околните Брњарци, Мојанци или Орланци ? Колку пилоти би требало да добие Липково коешто е поголема општина? Дали нив планира да ги направи морнари или пак космонаути ? Зошто Арачиново би го правел Авиано, а не пак соседен Никуштак? Тоа што го ветил Заев пред избори е класична дискриминација. Кадешто СДСМ има сигурен кандидат за градоначалник како награда Зоран Заев ветувал по 300 вработувања за пилоти, а таму кадешто губи ги запоставува мештаните, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:
„Штом зине лаже. Сведочењето на жителите од Арачиново е болно да се гледа. Јасно е дека после лагите на Заев и пустошот којшто го направи СДСМ им останува само да одат по амбасадите и да бараат визи за да купат карти во еден правец. Зоран Заев е македонскиот Барон Минхаузен. Затоа бараме обврзувачко полиграфско тестирање после секој настап на Зоран Заев. Тешко на тој полиграф на којшто ќе биде врзан Зоран Заев. Ниту гаранција ќе важи, ниту пак ќе може да се сервисира, ама набавката на нов полиграф ќе биде помала штета за државата од живеењето со лагите на Заев.“
Comments are closed for this post.