Со два воено-транспортни авиони денеска во 9 часот од Бугарија се очекува на Меѓународниот аеродром Скопје да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“-Скопје, што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник.
По пристигнувањето, како што најавија од МНР, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.
Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да положат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот. Од плоштадот ќе може да се проследи колоната со возилата која ќе се движи по булевар „Гоце Делчев“, кон крајните дестинации (домовите) на загинатите. На плоштадот „Скендербег” граѓаните ќе имаат можност преку видео екран да го следат настанот, со цел достоинствено да оддадат почит кон загинатите сограѓани
Comments are closed for this post.