Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во утринската емисија на Алфа зборуваше за пописот каде што посочи дека станува збор за политички попис односно го рефлектира договореното помеѓу Заев и Ахмети.
-Сите индиции до сега наведуваат за тоа дека станува збор за политички попис односно попис кој би требало да ги рефлектира барањата односно договореното помеѓу коалиционите партнери во власта во Македонија односно тоа се Зоран Заев и Али Ахмети. Јасна беше приказната уште при самото туркање на овој закон да помине онака како што помина со тоа што почна лицитација што би се признало, што не би се признало во однос на проценти на застапеност на етнички заедници пред се смисла на албанската заедница од страна на ДУИ како претставник во власта, рече Стоилковски во своето гостување.
Портпаролот Стоилковски укажа дека овој попис кој сака да го протурка власта нема да ја даде реалноста во Македонија со вистинскиот потенцијал кој што треба да се искористи за понатамошен развој на државата.
-Тука не станува збор за попис доколку збориме дека е политички, тука не станува збор попис кој што би требало да ја рефлектира реалноста во Македонија со вистинскиот потенцијал кој што треба да се искористи за понатамошен развој на државата. Всушност се гледа колкав е капацитет на население кој е младо, кое работно способно, што се по струка за да утре кога ќе може да се отвори некаква фабрика или некаков потенцијал кој ќе носи економски бенефит би се знаело каде би се сместил тој. И сега се добива една лажна слика како што е и до сега и можеше да се понуди, место каде има 20 жители постојано цела година, а на попис да се покаже дека има 1 500 жители, додаде Стоилковски.
Comments are closed for this post.