Наспроти барањата на опозицијата за што поскоро одржување на предвремени избори како единтвено решение за она што се случува во државата и оти уставни измени не доаѓаат во предвид, власта почна да се служи со уцени.
Вицепремиерот Маричиќ од САД исптати понуда, или уцена до опозицијата дека ќе прифатат избори само ако опозицијата гласа за влез на Бугарите во уставот.
Предвремени избори може да има само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори. Само тоа е опција што како Влада би прифатиле, порачува вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Гласот на Америка“.
– Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е време за понесување одговорност и имплементација на нашите обврски. Граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме обврската пред изборите, за да не бидат изборите оптоварени, за тоа кој е ЗА а кој е Против уставните измени, затоа што тоа ќе не внесе во нов 10-годишен тунел, од кој не знаеме дали ќе може да излеземе порано од 10 години. Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки, вели Маричиќ кој е во посета на САД.
Comments are closed for this post.