Од Владата нема никакво образложение  на најавата на шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев дека до крајот на октомври ќе се заокружи нов круг на консултации ,а она што ќе биде договорено, може да биде потпишано од двајцата министри за надворешни работи.

 

-Бугарија инвестираше многу во дијалогот со Македонија, очекуваме конкретни дејствија од Скопје за трајно спроведување на Договорот за добрососедство од 2017, како и почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест. Преговорите на експертско ниво меѓу Скопје и Софија течат, а предадени се и бугарските предлози и текстови. До крајот на октомври ќе има нов круг консултации меѓу Бугарија и Македонија и доколку се постигне согласност, она што ќе биде договорено, може да биде потпишано од двајцата министри за надворешни работи, изјави Стоев.