Случајот со вмешаноста на македонските дипломати во евакуацијата на ерменскиот дипломат од неговата матична земја освен тоа што отвори сериозни прашања во функционирањето на државните служби и нивната корумпираност, добива и комични елементи. МКД.мк веќе неколку дена ја следи оваа приказна и дојде до нови сознанија за вториот македонски дипломат вмешан во овој скандал.

Владимир Сарафов, македонски дипломат кој бил замешан во 2018 година во мисијата за спасување на ерменскиот колега кој бегал од својата земја поради перење пари и даночни затајувања, во јуни годинава немал поим дека по него има меѓународна потерница. Тој заедно со неговото семејство, во јуни се обидел да ја помине српската граница, но бил запрен и тргнат на страна од српските погранични служби. Имајќи обзири кон неговиот дипломатски статус, српската полиција му укажала дека по него има потерница и го замолила да почека. Претпоставувајќи веројатно дека се работи за веќе заборавениот случај од 2018 година, тој панично почнал да трча кон македонската страна од границата, заборавајќи на синиот дипломатски пасош и на неговото семејство. Истата вечер, српските служби го известиле македонското Министерство за надворешни работи, за тоа дека поседуваат македонски дипломатски пасош и дека очекуваат натамошни инструкции што со пасошот.

Повеќе на МКД