Во црквата Св. Кирил и Методиј во Велес, владиката Агатангел одржа света литургија против промена на името.

Тој потсети на светоста на името на овој, како што вели, библиски народ кој живее во света земја.

На самиот почеток на обраќањето тој на присутните им кажа дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска православна црква.

Се надевам дека во недела на 30-ти, вие и вашите роднини и нашите непријатели, нема да излезат да гласаат – кажа владиката Агатангел, поистоветувајќи го излегувањето на референдумот со срам за сегашните и идните генерации на оние кои ќе гласаат.