Владата го дементира сопствениот портарол кој го покрена прашањето за решавање на социјалниот статус на бегалците од Авганистан кои треба да пристигнат во Македонија.
Вчера тој изјави дека „прашањето за образованието, вработувањето, и здравствената заштита ќе бидат разгледани во наредните денови почитувајќи ги законските одредби“
Но денеска владата го смени ставот и ја обвини опозицијата за ширење лаги и омраза.
Тоа не е точно, најостро ги отфрламе ваквите невистини, Владата е целосно фокусирана на обезбедување безбедност, здравствена заштита, храна и кров над глава за миротворното население од Авганистан.Уште еднаш потенцираме дека станува збор за граѓани кои во Авганистан работеа за меѓународните демократски мисии и организации, новинари, активисти на организации за човекови права, како и за деца и членови на нивните семејства-велат од Владата.
Во последниве неколку дена, владата неколкупати ја зголеми бројката на бегалци кои ќе дојдат, додека премиерот Заев вели дека имаме капацитет да примиме 1.800.
Comments are closed for this post.