Владата донесе одлука за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018-та година. Министерот Поповски нагласи дека печатените медиуми во секое демократско општество се столбот, фундаментот на објективното новинарство.

 

Водена од овие принципи, но и по примерот на многу земји – членки на Европската Унија, на последната седница, Владата на Република Македонија ја донесе Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018-та година.

Како што гласи истата, целта на програмата е да се реализираат активностите за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми од општ, информативен карактер.

Вкупните средства предвидени за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2017 година изнесуваат 50 милиони денари.

Овие средства ќе бидат распределени на печатените медиуми исклучиво доколку тие ги исполнат сите предвидени критериуми содржани во програмата-истакна министерот.