Премиерот Зоран Заев, по средбата со новата пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ,  изјави дека разговарале за деталите на оваа втора консултација. Вечерва во Владата ќе биде прегледан овој текст , кој ќе биде вратен во групата , по што текстот на Нацрт уставните амандмани утре да бидат ставени на седница на Владата. Заев уверува дека ќе може и да се достават амандмани на амандманите од страна на пратениците за да биде процесот што е можно поинклузивен . Верувам дека текстот на Нацрт амандманите за уставните измени ќе има широк консезус меѓу пратениците , рече премиерот Заев по средбата.

 Денеска ја направив втората средба јас како претставник на Владата на Р. Македонија , која што е овластен предлагач на нацрт уставните амандмани. Со новата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија   разговаравме  за деталите. Од првата консултација беа дадени насоките , сега зборувавме за суштината. Сега останува после оваа изјава , наше повлекување во Владата да го скицираме целиот текст на нацрт амандманите кој што преточен во текст уште еднаш ќе биде испратен на консултации и верувам до крајот на денот потврден од новата пратеничка група , се со цел владата утре на владина седница да ги утврди нацрт амандманите. Остануваме отворени , се што е можно да воспоставиме инклузивен процес за да имаме поголем обем на консензус , при заклучување на Договорот со Грција. Верувам дека имаме праведен договор , а времето многу бргу тоа ќе го покаже.” ,изјави премиерот Заев. Има четири намени за промена на уставниот текст , но може да бидат и повеќе , рече Заев.


Пратеникот Крсто Мукоски рече дека генерално е усогласен  текстот на амандманите, кои ќе бидат вградени во Уставот. Амандманите се однесуваат на зачувување на македонскиот идентитет, за обврските за ратификација на Договорот со Грција. Се предлага сукцесивна промена на името на нашата земја. Било разговарано Комисијата што ќе работи на помирување , да почне да работи од понеделник , како што ќе се разработуваат темите , ќе има информации . Се знае колку члена ќе брои и кој ќе членува во нив, информира пратеникот Мукоски по средбата со премиерот Заев. Добиле уверување дека Владата ќе ги прифати четирите амандмански решенија , а за тоа утре рано наутро ќе излезат со конечниот текст.

Ги потенциравме нашите барања и  го усогласивме текстот на амандманите. Се надеваме дека утре рано Владата ќе го достави документот до Собранието. Тие амандмани се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Врориот амандман се однесува на обезбедување на гаранции за спроведување на целиот договор , односно евентуална можна ништовност доколку другата страна не го ратификува во својот парламент и третиот амандман се однесуваше на внатрешна употреба на новото име, се предлага сукцесивна примена на новото име, Разговаравме за телото кое ќе работи ѕа помирување треба да започне да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото .  Сите пратеници кои сакаат да го поддржат Договорот од Преспа се добредојдени. За ова треба нив да ги прашате – рече Мукоски на прашањето дали и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните амандмани.


Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и во телото за помирување