Тензично беше денеска во Кривичниот суд на случајот „27 април“ каде по подолго време се појави обвинителката Вилма Русковска.

Обвинителството најави дополнување на доказната постапка која судијата Илија Трпков ја прифати. Електронска комуникација се однесуваше  меѓу обвинетиот Миле Јанакиевски и поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска.

Материјалните докази објавени од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го опфаќаа период од 21 февруари 2017 година.

Во пораките меѓу нив двајцата се говори за поддршката што ја дале неколку пејачи како Блага Петреска, Бајага и Мерлин за протестите на За заедничка Македонија“.

Но она што е спорно е што вештакот Маријан Димовски од секторот за компјутерски криминал од МВР нема лиценца што и самиот го потврди.

Немам лиценца за вештачење издадена од Министерството за правда, не сум регистриран во регистарот на вешти лица. Моја надлежност беше само да ги извадам податоците од мобилните телефони, но не и нивната содржина-изјави сведокот Димовски.

По денешното рочиште станува јасно дека обвинителката Русковска има се помалку докази и посегнува по нови кои немаат никаква поврзаност со делото за кои се теретат обвинетите.Нејзиното обвинените е демантирано од сите сведоци освен од „нејзиниот“ Нинџа  кој досега даде четири различни искази за настаните.