„Одлуката на Советот на јавни обвинители е очекувана“, разрешената обвинителка Вилма Русковска. Таа за „Дојче Веле“ најавува дека по одлуката за нејзино разрешување ќе ја започне постапката за пензионирање. Не планира да се жали на одлуката на Советот на јавни обвинители.

 

Вилма Рускоска е разрешена е од функцијата обвинител.Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно  донесе одлуката откако беше пријавена и суспендирана од Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, за незаконски претрес по нејзина наредба извршен лани летото во просториите на Управата за финансиска полиција.

Тогашниот директор Арафат Муареми веднаш ѝ поднесе и кривична пријава, а во ОЈО Скопје истрагата за овој сличај уште не е завршена.