Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев, е вмешан во две афери, вели Виктор Грозданов. Според него, едната афера е со Боки 13, а втората е позната под името „Инкасатор“.
-Во првата Боки 13 има кривична пријава кон моменталниот градоначалник. Има јасна индиција дека Стефан Богоев учествува во организиран криминал со давање на меморандум за соработка со Меѓународен сојуз. Меѓународен сојуз потпишува договор со фирмата на Ардијан Амзонски, кој е управител на фирмата. Се потпишува договор дека ќе му се дозволи изградба на дом за стари на државно земјиште, посочи Виктор Грозданов при своето гостување во „Заспиј ако можеш“.
Грозданов додаде дека во Општината не постои дека ќе има старски дом, а второ за државно земјиште не може никако да се гарантира по ниеден основ.
-Втората афера многу ме зачуди, па дури и јас кој се занимавам со вакви работи, ќе почнам во прашална форма да поставувам тези, значи се работи за нешто опасно. Дали е вистина дека неговите пријатели, роднини се упатувале кон фирми кои соработуваат со општината Карпош, на кои што општината Карпош им должи пари за оние кои што им веруваат исплаќале средства во висина од негде до 10% од вкупниот долг. А, втора варијанта е на тие што не им веруваат тие мора прво да го платат арачот кон инкасаторот па после овие да исплатат средства од општината, појаснува Грозданов.
Грозданов посочи дека само прашање е дали полицијата е вмешана и им го дала името „Инкасатори“.
Comments are closed for this post.