Братот на премиерот Зоран Заев, Вице, на денешното рочиште против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски тврдеше дека не е јавна личност и дека со изјавите на тужениот извршил навреда на неговата личност и углед.
Заев тврдеше дека поседува само две фирми и дека на уште неколку е управител или е дел од управниот одбор.
Тој вели дека не се чувствува како јавна личност и дека тој не барал да дава интервјуа туку дека новинарите му барале.
-Дури и да сум јавна личност или не изнесени се невистини со кои ми е нарушена честа и угледот.
На прашањето дали неговите фирми имаат зголемен профит тој рече дека тоа е во рамки на маргините и дека сите бизниси ги води на транспарентен и законски начин.
Comments are closed for this post.