Уредбите на Владата кои се донесени за време на вонредната состојба ќе бидат прегледани од страна на Венецијанската комисија, дознава „Пресинг ТВ“.
Комисијата бара од Владата да ги достави сите Уредби кои ги донела од почетокот на вонредната состојба за да се види дали има прекршување на Уставот и дали тие директно се однесуваат на вонредата состојба.
Комисијата смета дека мора да постојат прецизни правила за функционирање на државата и на системот во време на вонредна состојба иако Македонија нема закон за вонредна состојба.
Исто така, Венецијанска комисија посочува во отсуство на домашни правила потребно е да се почитуваат препораките и мислењата на Венецијанската комисија дека и во услови на вонредна состојба мора безусловно да се почитува владеењето на правото.
Комисијата бара и парламентарна и судска контрола на сите акти донесени од страна на владата и претседателот во време на вонредна состојба со цел заштита на владеењето на правото.
Но бидејќи во Македонија во моментов нема функционален Параламент тоа ќе биде можно да се направи од новиот состав по изборите.
Важно е да се напомене дека ова барање од Венецијанската комсија не се однесува само за Македонија туку за сите земји каде поради короната е воведена вонредна состојба.
Откако Комисијата ќе ги собере сите закони донесени од земјите во вонредна состојба ќе бидат испратени во Советот на Европа кој ќе состави извештај.
Од почетокот на вонредната состојба владата донесе околу 120 Уредби од кои барем 80 не се повразни со короната и со справување на последиците од заразата.
Од нив на конторверзна беше уредбата за исплата на плати на вработените од поранешното СЈО.
Но, Владата Уредба со сила на закон донесе и закон за минерални суровини, како и за извоз на дијаманти, уредба за примена на законот за донации и спонзорства во јавни дејности, закон за возила и сл.
Comments are closed for this post.